Вицепремиерот на Ирак - премиер на Курдистан

Ирачкиот премиер Нури Ал Малиќи ја прифати оставката на својот заменик Бархам Салех, кој е именуван за шеф на владата на Курдистан, соопштува ирачката влада. Курдистан е автономна област, во состав на Ирак.
Меѓу Ал Малиќи и владата на Курдистан има многу отворени прашања, како што се распределбата на нафтените ресурси и разграничувањето.