Грузија притвори капетан на турски танкер

Грузискиот суд го стави во притвор капетанот на турски танкер, обвинет за прекршување на економските санкции против сепаратистичкиот регион Абхазија. Тој се соочува со 24 години затвор, ако судот одлучи дека е виновен за шверцување гориво во бунтовничкиот регион.
Грузиските власти го фатија танкерот во понеделник во Црно Море. Екипажот е турски и азербејџански.
Грузија прави напори да ги изолира бунтовничките региони Јужна Осетија и Абхазија. По минатогодишната краткотрајна војна, Русија гу призна овие два региони како независни држави.