Три жени во владата на Ахмадинеџат?

Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџат му ја предал листата на своите кандидати за министери на Парламентот, кој треба да гласа на 30 ти август. Се очекува министер за надворешни работи да остане Манучеир Мотаки, а во владата да има и 3 жени за прв пат во 30 годишната историја на Исламската Република.