Авганистан, Судан и Сомалија најопасни за хуманитарците

Обединетите нации го одбележуваат првиот Светски хуманитарен ден со апел да се заштитат хуманитарните работници во кризните подрачја, ширум светот. Минатата година, беа убиени 122 хуманитарни работници, повеќето од нив локални жители.
Речиси две третини од нападите врз хуманирарните работници се случиле во Авганистан, Судан и во Сомалија.
Датумот избран за одбележување на Светскиот хуманитарен ден коинцидира со денот од пред шест години во голема експлозија загинаа 22 луѓе во претставништвото на Обединетите нации во Багдад.