Крвав ден во Багдад

Најмалку 75 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се ранети во шест одделни експлозии во Багдад, денеска. Со тоа денешниот ден станува најкрвав ден во ирачката престолнина, откако, во јуни, американската армија им ја препушти контролата на градовите на ирачките сили.
Полицијата соопшти дека експлозиите се случувиле во кратко време, и дека мета им биле владини цели.