Трет голем напад во Кабул деновиве пред утрешните избори

Полицијата во Кабул ја превзеде контролата врз банката во која влегоа непознат број вооружени лица. Шефот на полицијата Сајет Абдул Гафур изјави дека полицијата убила тројца напаѓачи. Портпарол на талибанците нападот во главниот град на Авганистан го поврза со утрешните претседателски избори, додека за полицијата станува збор за криминалци кои се обиделе да ја ограбат Банката во Кабул. Ова е трет голем напад во Кабул во изминативе 5 дена.