20 год. од почетокот на падот на Железната завеса

Денеска се одбележуваат 20 години од настанот на Австриско – унгарската граница по кој следеше падот на Железната завеса меѓу Запад и Исток. На 19 ти август 1989 стотици германци од тогашна Источна Германија пребегаа од Унгарија во Австрија за време на Пан Европскиот Пикник без при тоа да бидат спречени од унгарските власти. Во септември илјадници источни германци почнаа да ги минуваат комунистичките граници кон Австрија. Берлинскиот зид падна во Ноември истата година.