Јужна Кореја лансира вселенска ракета

Јужна Кореја соопшти дека е готова да ја лансира својата прва ракета во вселената денеска во 10 часот по средно европско време. Со тоа Сеул влезе во Азиската всленска трка предводена од Јапонија и Кина. Корејската ракета, претежно од руско производство, ке постави сателитет тежок 100 килограми во орбитата. Претходно, Јужна Кореја за поставување свои сателити користеше ракети од други држави.