Меѓународна конференција за „новиот“ грип

Денеска во Вашингтон започнува тридневна Меѓународна конференција за грипот А/Х1Н1, чија цел ќе биде изнаоѓање нови начини за подобро справување со новата пандемија. На конференцијата, на која ќе учествуваат научници, претставници од јавното здравство и експерти, ќе се дискутира за начинот на подготовка на локални стратегии, за вакцинацијата и антивирусни лекарства, ургентен одговор и координација меѓу болниците и здравствените институции, едукација и комуникација за ризикот, контролата и менаџирањето, како и за улогата на бизнис заедницата. Меѓу учесниците е и македонскиот министер за здравство Бујар Османи.