Српска протестна нота поради изјава на Бериша

Министерството за надворешни работи на Србија испрати протестна нота до амбасадата на Албанија поради неодамнешните изјави на албанскиот премиер Сали Бериша. Тој изјави дека проектот на националното единство меѓу Албанците треба да биде главна преокупација на сите политичари во Албанија и на Косово и дека под никои услови тие не треба да гледаат на нив како на две оделни земји. Министерството најостро ја осудува изјавата на Бериша, која според нив го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и ги уништува добрососедските односи.