Одложен натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија

Поради опасност од инциденти Општинскиот фудбалски сојуз Тетово и клубовитe Тетекс и Шкендија, се договорија да се одложи одигрувањето на утрешниот куп натпревар меѓу двете екипи.
Дополнително ќе се одреди датум кога ќе се одигра натпреварот. Како причина за ваквата одлука се истакнува опасноста и предупредувањето од МВР дека има можност од инциденти од пошироки размери по неделните случувања во скопската населба Нерези.