Мусави ги подржува наводите за силување на Каруби

Иранскиот опозициски лидер Мир Хосеин Мусави ги подржа наводите на реформистот Мехди Каруби дека некои луѓе, притворени на постизборните протести во Иран, биле силувани во затвор. Во писмо испратено до Каруби, Мусави ги обвинува „агентите на естаблишментот“, за силувањата и другите злоупотреби.
Новинската агенција ИЛНА, пак, објави дека и поранешниот претседател Мохамад Катами им се придружил на Мусави и Каруби во новото протестно движење.