Посетата на Веб е успех и за САД и за Мјанмар

Посетата на амаериканскиот сенатор Џим Веб е успех за двете страни, како и прв чекор за унапредување на односите меѓу двете земји, оценуваат државните медиуми во Мјанмар.
По заминувањето од Мјанмар сенаторот Веб рече дека се надева дека неговата посета може да доведе до нов пристап во односите меѓу САД и Мјанмар, како и дека може повторно да се разгледаат економските санкции што САД ги воведе против Мјанмар.
Сенаторот Веб во Мјанмар издејствува ослободување на Американецот, што беше осуден на седум години принудна работа, затоа што, во мај, доплива до куќата на нобеловката Анг Сан Су Чи и со тоа ги прекрши правилата на нејзиниот домашен притвор.