Ирачкиот премиер во посета на Сирија

Ирачкиот премиер Нури Ал Малиќи е во Дамаск, каде што треба да се сретне со сирискиот претседател Башар Ал Асад. Најавено е дека ќе разговараат за економски и безбедносни прашања. Се очекува, Ал Малиќи да побара од Сирија да помогне во спречувањето на странски борци да влегуваат во Ирак.
Двајцата лидери ќе разговараат и за прашања за распределба на водата, откако двете земји побараа од Турција да пропушта повеќе вода во реките Тигар и Еуфрат.