Атина денеска со одговор до Нимиц

Грчкиот претставник во разговорите за името Адемантиос Василакис, како што јавува МИА, денеска во Њујорк на посредникот на ОН Метју Нимиц ќе му го доставел одговорот на Атина за неговиот последен пакет идеи. Нимиц до крајот на неделава од амбасадорот Зоран Јолевски треба да ги добие и македонските ставови. Весникот „Катимерини“ денеска објавува дека Атина во принцип била задоволна од последниот пакет на Нимиц, во кој, како што тврди, решението се базирало врз името „Република Северна Македонија“. Весникот додава дека имало позитивни сигнали оти предлозите биле прифатливи и за Скопје. Најголем проблем, пишува „Катимерини“, била употребата на евентуалното компромисно име. Грција сакала тоа да биде за севкупна меѓународна употреба, додека Македонија инсистира оние земји што ја признале под уставното име да продолжат да го користат.