НАТО ќе ги прекине акциите на денот на изборите

Силите предводени од НАТО во Авганистан ќе ги прекинат офанзивните воени операции за време на спроведувањето на изборите во таа земја. Алијансата соопшти дека само ќе извршува акции неопходни за заштита на луѓето на гласачките места. Претходно таква наредба добија и авганистанските сили откако претседателот Хамид Карзаи денот на изборите 20 ти овој месец го прогласи за ден на примирје. Во меѓувреме, талибанците ги повторија заканите дека ќе ги попречуваат изборите. Инаку денеска, како што јавуваат агенциите, во близина на претседателската палата во Кабул паднале две гранати, но нема извештаи за евентуални жртви.