Донесен Законот за Собранието

Македонскиот парламент вчера попладне со 73 гласа „за“, шест против и ниту еден воздржан, го донесе Законот за Собранието, еден од трите закони што ги бара Брисел, за Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ. За законот гласаа и 14 пратеници од заедниците кои не се мнозинство во државата, а шест беа против. Воедно, беше донесен заклучок со кој Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања до Собранието во рок од четири месеци треба да достави Предлог за изменување и дополнување на собранискиот Деловник врз основа на мислењето на Европската комисија за демократија и Венецијанската комисија.