Прогноза за времето- сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност особено на запад. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура се движи од 13 до 19, а дневната ќе биде од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.