Грузија излегува од ЗНД

Грузија, утре, ќе ја заврши постапката за повлекување од Заедницата на независни држави(ЗНД), изјави заменик министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Јалаганиа. Грузија ја соопшти нејзината намера за излегување од ЗНД, минатата година, за време на краткотрајната војна со Русија.
Руските власти оценуваат дека Грузија направила избрзан чекор и дека, тоа нема да се одрази на Заедницата на независни држави, но дека ќе има негативни последици за грузискиот народ.