Уште три македонски клуба се под истрага на УЕФА

УЕФА води истрага за уште три македонски клуба, потврди главниот инспектор на УЕФА за борба против организираниот криминал, манипулации и местење на натпревари, Герхард Копел.
Станува збор за еден натпревар за ФК „Милано“ одигран во јули годинава, за еден натпревар на „Вардар“ од пред две години и за два натпревара на „Работнички“.
Во Министерството за внатрешни работи во Скопје, Копел, денеска, го достави досието за случајот „Победа“. Прилепчани добија осумгодишна суспенизија за настап во еврокуповите поради местење на натпреварот со ерменскиот „Пјуник“.