Ослободена Французинка од ирански затвор

Французинката Клодија Рејс, која беше во затвор во Иран затоа што учествуваше во постизборните демонстрации, вчеравечер е ослободена, соопштуваат од кабинетот на францускиот претседател. Таа е ослободена со кауција и ќе остане во француската амбасада во Иран, затоа што не може да ја напушти земјата. Рејс беше во затвор во Техеран од 1 јули, поради учество во демонстрациите по спорните претседателски избори на кои победи дотогашниот шеф на државата Махмуд Ахмадинеџад.