Фантастичен светски рекорд на Болт - 9,58

Атлетичарот од Јамајка Јусеин Болт постигна нов светски рекорд на 100 метри. Тој на светското првенство во Берлин патеката ја претрча за 9 секунди и 58 стотинки, со што го подобри својот сопствен рекорд од минатата година кога 100 метри истрча за 9 секунди и 69 стотинки. Синоќа втор беше Американецот Тајсон Геј, а бронзата ја освои Асафа Пауел од Јамајка.