Талибанците се закануваат со летоци

Талибанците се закануваат со напади на гласачките места на претстојните избори на 20 август во Авганистан. Заканите биле во вид на летоци растурани во селата во јужен Авганистан. Заканите ги потврдил и портпаролот на Талибанците. Летоците биле потпишани од Мула Гулам Хајдар – познат герилски командант во Кандахар.
На летоците пишува дека гласачите, како сојузници на авганистанската влада и на странските сили, ќе бидат сметани за противници на исламот. Изборите се за избор на претседател и на покраински совети.