62 години независност на Индија

Индискиот премиер Манмохан Синг, по повод денешната прослава на 62-годишнината од индиската независност, порача дека ќе направи се да го искорени тероризмот во таа земја.
Во 1947 година стапи на сила актот за независност на Британска Индија, со кој по 180 години колонијална власт на Велика Британија се формирани Индиската унија и Пакистан.
Пакистан, вчера, ја одбележа 62-годишнината од независноста.