Американскиот сенатор се сретна со опозиционерката Су Ки во Мјанмар

Американскиот сенатор Џим Веб, денеска, се сретна со опозиционерката Аунг Сан Су Ки, во Јангун. Очевидци велат дека Веб се сретнал со нобеловката Су Ки во владината гостинска куќа, која е блиску до нејзиниот дом.
Посетата на Веб на Мјанмар доаѓа, откако властите и го продолжија домашниот притвор на Су Ки, зашто еден Американец доплива до нејзиниот дом. Американецот е осуден на седум години принудна работа.