Иран: смена на врховниот лидер Хаменеи?

Неколкумина поранешни пратеници во иранскиот парламент упатиле барање до Советот на експерти да ги испита квалификациите на врховниот верски лидер Ајатолах Али Хаменеи да владее во земјата. Писмо со таква содржина, според агенциите, било упатено до шефот на ова моќно верско тело кое теоретски може да го назначува или менува врховниот лидер во Иран. Како образложение на барањето се наведува задушувањето на постизборните демонстрации во Иран.