Турскиот премиер Ердоган повика на мир со Курдите

Турскиот премиер Реџеп Ердоган најави дека владата е готова за радикален пресврт во решавањето на курдксиот проблем кој трае 25 години. Тој ја повика и турската националистичка опозиција да ја подржи владата во напорите за завршување на непријателствата. Ердоган не изнесе детали од неговиот план. Се очекува, курдксиот лидер Абдула Оџалан наскоро од затвор да објави план за мир на 25 годишнината од првиот напад на Курдската Работничка Партија која се бори за автономија на југо истокот на Турција. Според проценките во Турција живеат околу 14 милиони курди, што е 20 насто од населението. Курди има и во Ирак, Иран, Сирија, Ерменија, Азербејџан и Либан, а во Западна Европа и Соединетите Држави живее многубројна курдска дијаспора.