Сенаторот Џим Веб во ,,ослободувачка,, мисија на Мјанмар

Американскиот сенатор Џим Веб се состанува во Мјанмар со лидерите на воениот режим во обид да го ослободи американецот, кој е во затвор поради обидот за контакт со про – демократската лидерка Аунг Си Чу. Вилијам Џетау доби 7 години затвор, а Си Чу дополнителни 18 месеци домашен притвор. Сенаторот Веб се состана со премиерот Тхен Сеин, а се очекува средба и со лидерот на хунтата Генерал Тхан Шве.