Катимерини - Нимиц со преговарачите идната недела

Посредникот на Обединетите Нaции во спорот меѓу Македонија и Грција околу името, Метју Нимиц, според атински Катимерини, идната недела ќе се сретне со преговарачите на двете земји, кои најдоцна до 20 август траба да му ги достават одговорите на неговиот последен предлог. Според весникот, тој на двете страни им доставил предлог Македонија да се нарекува „Република Северна Македонија“ или скратено „Северна Македонија“.„Катимерини“ цитира неиминувани дипломатски извори, кои тврдат дека Атина и Скопје ја поддржуваат оваа иницијатива, но дека пречка за постигнување конечен договор би можел да биде различниот став околу употребата на новото име.Грција инсистира новото име на северниот сосед да биде за севкупна меѓународна употреба, а Скопје се залага на државите што го признале уставното име на земјата да им се овозможи да го користат и во иднина, пишува грчкиот весник.