Ирачките новинари побараа поголеми права

Ирачките новинари денеска во Багдад побараа поголеми права за слободата на печатот и крај на како што рекоа, притисокот од владата која се обидува да ги запре критиките. На денешните демонстрации од владата е побарано што побргу да донесе закон за заштита на новинарите.