Во Сочи разговори меѓу Медведев и Меркел


Денешните разговори во Сочи меѓу рускиот претседател Дмитри Медведев и германскиот канцелар Ангела Меркел, како што јавуваат агенциите, се фокусирани врз билатералните економските односи. Германија и Русија се најголеми трговски партнери во Европа, но обемот на нивната размена во почетокот на годинава падна на рекордно ниско ниво поради глобалната економска криза. Се очекува Медведев и Меркел да разговараат за можноста Русија да откупи голем дел од акциите на Опел.