Продолжуваат крвавите судири во Авганистан

Во судирите во јужен Авганистан во изминатите два дена загинале тројца британски и двајца американски војници, како и 14 цивили, соопштија меѓународните сили и авганистанските власти. Припадниците на мисијата ИСАФ завчера започнаа голема операција против бунтовниците во областа Хелманд. Претходно Талибанците најавија дека ќе ги попречуваат претседателските избори закажани за 20-ти август и ги повикаа Авганистанците да го бојкотираат гласањето.