ОН бараат ослободување на политичките затвореници во Мјанмар

Советот за безбедност на ОН ги повика властите во Мјанмар да ги ослободат сите политички затвореници и изрази сериозна загриженост поради пресудата со која и е продолжен домашниот притвор на лидерката на опозицијата Аунг Сан Су Чи. Во меѓувреме, агенциите јавуваат дека денеска американскиот сенатор Џим Веб во Јангон ќе се сретне со водачите на воената хунта во Мјанмар, што ќе претставува прва посета на член на Конгресот на таа земја по повеќе од 10 години.