Иранските затвореници под лупата на ОН

Специјалниот известувач на за мачење на ОН вели дека тврдењата дека некои од уапсените ирански демонстранти биле мачени ќе бидат детално испитани. Известувачот Манфред Новак вели дека до сега примил повеќе од 300 случаи за наводна тортура и лош третман на затворените, по постизботните протести во Иран. Тој вели дека наводите најмногу се однесуваат на тепање, електро-шокови, како и физички и психички притисок со цел да се извлече признание за антивладиното однесување.
Новак потсетува дека кога некој ќе се пожали на измачување до ОН, владата на посочената земја е должна да ги испита тие тврдења.
„Не знам за таква истрага, до сега “, вели тој.