Руските критики за Украина - контрапродуктивни

Руските критики за Украина се контрапродуктивни и не водат кон добро соседски односи, изјави портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули. Станува збор за реакција на писмото на рускиот Претседател Медведев до украинскиот Јушченко во кое се вели дека односите се влошени и поради желбата на Украина да стане членка на Нато.