Што ЕУ да направи со Босна?

Босна и Херцеговина ќе мора сама да ги решава своите проблеми, а не за тоа да чека на некој од надвор, со бесконечни и претерани управувања до најмал детал, пишува лондонски Индепендент.Според весникот, годините на диктирање на политичките потези со декрети, придонесоа во Босна да се создаде „инфантилна политичка култура“, во која локалните политичари можеа да даваат разни екстремистички изјави, а притоа ретко да сносат некаква одговорност знаејќи дека Западот секогаш ке го има последниот збор и притоа ќе даде уште и чек. Европската Унија затоа треба да направи две работи. Прво, да ја исклучи можноста некој и кога било да признае независна држава на Србите во Босна и Херцеговина, и второ, да престане на муслиманите, како на оштетената страна, да им ветува нови интервенции, порачува весникот.