Крвави оружени судири на Филипините

Најмалку 45 луѓе загинаа во судирот меѓу филипинските трупи и муслиманските герилци на северот од Филипините, соопшти тамошниот воен командант. Муслиманската група се бори за независност од Манила. Тие се поврзале со други радикални муслимански групи за кои се мисли дека се одговорни за нападите во Индонезија, вклучувајќи го и оној од 2002-та на Бали, како и бомбашките напади врз хотелите во Џакарта, кои се случија во јули.