Новаја Газета: Кој доби дозвола за убивање?

Рускиот опозициски весник Новаја Газета објави дека веќе нема да испраќа новинари во Чеченија. Еден од текстовите во денешниот весник е насловен „Кој доби дозвола за убивање?“, прашувајќи ги руските власти на чело со претседателот Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин дали има кампања за елиминирање на активистите во Чеченија.
Уредникот на весникот, за агенцијата Франс прес изјавил дека тоа што се случува во Чеченија е „целосно отсуство на контрола, или пак некој специјален вид на контрола“. Неколкумина активисти за човекови права, деновиве, беа убиени во Чеченија.