Самоубиства поради лоши услови за работа

Вработените во француската телекомуникациска компанија Франс Телеком денеска протестираат во Безансон, на истокот на земјата, поради самоубиството на нивен колега. Синдикатот тврди дека ова е 20 самоубиство во фирмата за година и половина, а четврто за неполн месец. Тие тврдат дека самоубиствата на вработените се предизвикани од лошото управување со фирмата.
Компанијата вработува 187 илјади луѓе, а државата поседува 26 отсто од акциите.