Хилари Клинтон во Нигерија

Државната секретарка на САД Хилари Клинтон побара од нигериските власти да направат напори за спроведување реформи и да работат на искоренување на корупцијата, при нејзината денешна посета на оваа африканска држава. На заедничката пресконференција со нејзиниот нигериски колега Оџо Мадуеке, таа рече дека САД ја подржува и охрабрува нигериската влада да „ја зголеми транспарентноста, да ја намали корупцијата и да обезбеди подршка на демократските процеси, во пресрет на изборите во 2011 година“.
Нигерија е петта, од седумте африкански земји, што Клинтон планира да ги посети. Нејзина порака до сите овие држави е дека треба да ја намалат корупцијата, за да станат посакувана дестинација за странски инвестиции.