Амнести интернејшнал: Прекинете го ловот на активисти за човекови права

Амнести интернејшнал побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија „да запре ловот на активисти за човекови права“. Деновиве, две познати активистки за човекови права беа убиени во Чеченија.
Организацијата ги обвинува руските и чеченски власти за „систематски и континуиран неуспех“ во истагата за убиствата на активистите што, како што велат, е „силна индикација дека властите се барем помирени со злосторствата“.