Убиен министерот за градежништво на Ингушетија

Министерот за градежништво на руската република Ингушетија Руслан Амирханов бил убиен од засега непознато лице кое влегло во неговата канцеларија во Магас, јавуваат агенциите. Тоа е последен во серијата напади врз високи функционери во регионот на Кавгказ. Во минатиот месец во бомбашки напад посериозно беше повреден претседателот на Ингушетија.