Американски напади во Авганистан

Американските маринци извршиле хеликоптерски напад врз градот Даханех кој е под контрола на талибанците во јужен Авганистан, јавуваат агенциите, наведувајќи дека тоа било во рамките на операцијата за подготовка на изборите во таа земја. Според извештаите, на нападот било возвратено од талибанците.