Русинка ја нападнала ,,Мона Лиза,,

Најславната уметничка слика на светот, познатата Мона Лиза деновиве во музејот Лувр во Париз беше нападната од една русинка која врз сликата фрлила шоља со чај. Ремекделото на Леонардо да Винчи останало неоштетено, бидејќи е заштитено со непробојно стакло. Инцидентот се случил пред десет дена, а дури вчера беше обелоденет. Жената веднаш била уапсена.