Преполовени платите на државните функционери во БиХ

Платите на членовите на парламентот на федерацијата Босна и Херцеговина, на министрите и нивните советници од следниот месец ќе бидат намалени за 50 насто. Министерот за финансии Вјекослав Беванда изјави дека платите ќе бидат вратени на нивото од декември 2008-та година. Потегот е дел од неодамна усвоениот Закон за остварување заштеда во Босна и Херцеговина.