Расмусен сака поблиски односи со Русија

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен повикал на поблиско стратешко партнерство со Русија и зацврстување на заедничките безбедносни предизвици. Портпаролката на Алијансата Кармен Ромеро информира дека Расмусен му рекол на дипломатскиот претставник на Русија во НАТО Дмитри Рогозин дека Советот НАТО-Русија треба да стане форум за соработка за стратешките прашања.