Карзаи: Талибанците не може да ги спречат изборите

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека Талибанците нема да можат да ги растурат претседателските избори, наредната недела.
Пред симпатизерите, собрани во едно училиште во Кабул, тој рече дека гласањето на 20 август ќе помине мирно и дека е многу битно Авганистанците да излезат на гласање.
Талибанците најавија дека ќе ги прекинат изборите за претседател и за покраински совети. На таа нивна најава се надоврза и порастот на насилство во земјата, во последните неколку недели.