Oстри реакции за осудувањето на нобеловката во Мјанмар

Од светот доаѓаат остри реакции, откако куќниот притвор на демократскиот лидер на Мјанмар Аунг Сан Су Кји беше продолжен за 18 месеци. Во Бангкок, Сеул и во Манила имаше протести за ослободување на добитничката на Нобеловата наград за мир.
Европската унија соопшти дека ќе одговори со „дополнителни мерки“ против воениот режим во Мјанмар. Британскиот премиер Гордон Браун побара Советот за безбедност на ОН да стави ембарго за увоз на оружје во земјата, а Амнести интернејшнал рече дека тоа е срамна пресуда.
Су Кји е осудена за прекршување на правилата на куќниот притвор во кој се наоѓа, поради тоа што еден Aмериканец го преплива езерото до нејзината куќа во мај годинава. Таа помина 14, од последниве 20 години, во куќен притвор.