Исчезнатиот новинар во Дагестан е пронајден мртов

Новинарот на руски локален весник кој се водеше како исчезнат во Дагестан е пронајден мртов. Руските новински агенции објавија дека телото на Малик Ахмедилов е пронајдено во автомобил, во околината на градот Махачкала.
Ахмедилов работел за весникот на аварски јазик Какикат. Тој е најмалку третиот новинар убиен во таа област во последните 18 месеци.