„Новинари без граници“ го осуди затворањето на казахтанскиот новинар

Организацијата за слобода на печат „Новинари без граници“ соопшти дека тригодишната затворска казна за уредникот на еден казахтански весник е застрашувачка. Уредникот е осуден поради откривање доверливи документи. „Новинари без граници“ оценува дека обвинението се коси со слободата на говор и демократија и дека треба да биде отфрлено.
Рамазан Јесергепов, во саботата, беше осуден поради објавување писмо, за кое тој вели дека ги открива врските меѓу еден бизнисмен и Комитетот за национална безбедност.